На прес конференцијата во Владата денес во 12,00 часот, премиерот Оливер Спасовски изјави дека потребно е да се прогласи вонредна состојба.
Премиерот упатува апел до граѓаните да не складираат залихи од маркетите и да не се прави паника.
На прашање од новинарите во врска со одредбите од Уставот во ситуација на вонредна состојба, премиерот одговори дека врз основа на анализите од експертите ќе се постапува согласно правилата.
Според Уставот, истакна Спасовски, Владата доставува предлог до Собранието, а доколку тие не можат да изгласаат, предлогот оди кај Претседателот на државата.
Прес конференцијата е сé уште во тек.
А. Н. Стојчевски