На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на КОВИД – 19, а кои управуваат тешки моторни возила за превоз на прехрамбени артикли и друго, за време на нивниот транзит и престој во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита:
1. Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет
2. Се забранува контакт со други лица
3. Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа:
– ракавици за еднократна употреба,
– заштитни маски N 95 или FFР 3 со единечен филтер
– нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни ночари и каљачи
Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на КОВИД– 19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува:
-да спијат во кабините на своите моторни возила.
При враќање во РСМ се замолуваат да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни инструкции за мерки и постапки доколку пројават симтоматологија.
За време на патувањето
– После секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете
– Максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10-15 секунди (особено со лица со симптоми)
– Почесто проветрување на кабината за време на возењето
– При престојот во кабнна нема потреба од носење на лична заштитна опрема
– Забрането е примање на слепи патници
– Задолжително обезбедено средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето
Се задолжува Здружението на лиценцирани авто превозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји.
Фејсбук статус на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.