Претседателот на Собранието Талат Џафери одржа прес-конференција во врска со прогласувањето на вонредна состојба.
Џафери рече дека Собранието нема да се собере повторно за да прогласи вонредна состојба и предлогот ќе оди директно кај Претседателот на државата, Стево Пендаровски.
„Предлогот беше дека е неопходно да се објавува вонредна состојба, која ќе овозможи на институциите да дејствуваат во оваа ситуација. Во моментот на прогласување на воена состојба, сите надлежности преминуваат на Владата. Она што е во најава дека од Владата ќе биде упатена предлог одлука, јас ја очекувам таа предлог одлука, и сум информиран дека е во подготовка, и во секој момент треба да ја добијам. Со оглед на процедурите, истата одлука врз основа на Уставот, поради општа констатација дека Собранието не може да се собере, ќе биде упатена кај Претседателот на државата кој потоа ќе постапи по барањето.“, рече Џафери.
Ставот дека Собранието не може да се собере повторно не е само мој став, туку тоа е и став и на експертската група што вчера се состана. Собранието откако решило да го врати мандатот, повеќе нема можност да се врати во Собранието, нагласи Џафери.
А. Н. С