ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вкупно 31 заболен од корона вирус, политичарите согласни дека изборите треба да се одложат

–   Од петте новозаболени  и четирите здравствени работници од Дебар, позитивен е тестот на сопругата на веќе дијагностицираниот пациент којшто тест го потврдивме од болницата „Жан Митрев“ и таа ќе биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, рече Филипче.

March 18, 2020 07:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Вкупната бројка на заболени од коронавирус во нашата држава изнесува 31, од кои четворица здравствени работници. Лидерите на политичките партии на средбата кај претседателот Стево Пендаровски се согласија дека треба да бидат одложени парламентраните избори на 12 април – приоритет во актуелната ситуација треба да бидат животите и здравјето на граѓаните.

Министерот за здравство Венко Филипче, вчера соопшти дека се дијагностирицирани пет нови случаи со коронавирус, од кои четворица се здравствени работници од приватна здравствена установа од Дебар.

–   Од петте новозаболени  и четирите здравствени работници од Дебар, позитивен е тестот на сопругата на веќе дијагностицираниот пациент којшто тест го потврдивме од болницата „Жан Митрев“ и таа ќе биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, рече Филипче.

Уште еднаш тој упати апел порака до здравствени работници дека трудот и напорот и улогата која што се дава во овој момент е непроценлива, а до граѓаните да се придржуваат до мерките.

– Затоа мора да водиме грижа за сите нас, а за граѓаните уште еднаш ја повторувам пораката – останете дома и најстрого придржувајте се до мерките за заштита и превенција, истакна Филипче.

 

Првите од групата македонски државјани кои беа заглавени на границите и се чекаат да се вратат во државата преку граничниот премин Деве Баир веќе се пристигнати и упатени на место за изолација – касарната Пепелиште на Криволак каде е првиот прифатен пункт за изолација на граѓаните кои се враќаат од држави со висок ризик.

Истовремено се прави скрининг на сите патници кои со авион од Брисел вчера слетале на аеродромот во Скопје, откако според информациите имало македонски државјани со симптоми.

Претседателот Стево Пендаровски, вчера образложувајќи зошто се уште не е воведена кризна состојба на цела територија поради пандемијата од корона вирусот, наведе дека раелно немаме ресурси за да се воведе кризна состојба на цела територија.

– Една работа е да имате на територија на две општини кризна состојба, друго е да имате на три или на четири. Вчерашната проценка беше дека добро е да воведуваме кризна состојба како што одредени општини ќе доаѓаат на дневен ред со вирусот, изјави Пендаровски.

Посочи дека вонредната состојба може да дојде на маса, не за носење мерки кои ќе го спречат ширењето на вирусот, туку за справување со економската ситуација, бидејќи во тој случај Владата може да владее преку уредби со законска сила.

Нагласи дека полека влегуваме во сериозна економска криза и дека според првичните проценки ако продолжи ова темпо, државата ќе треба да позајми од 500 до 700 милиони евра.

Првиот случај со коронавирус во државава беше регистриран на 26 февруари во Скопје.

Next Post

Сместените во карантин на Криволак, незадоволни од условите

НАЈНОВО

БМВ планира ривал на Г-Класа за 2029 година

August 14, 2025

Продолжува потрагата по исчезнатите мигранти по двоен бродолом кај Лампедуза

August 14, 2025
Фото: Ви

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk