Прв пат во 3 месеци, Кина го запишува денешниот ден како ден без нови заболени од корона вирусот. Инфекцијата, сепак зема огромен замав низ целиот свет.
Во Шенјанг се оддава почит и поддршка кон медицинскиот кадар од тој град кој беше испратен во жариштето на заразата во Кина, Вухан.
Во средата во Кина беа запишани 8 смртни случаи, поточно во областа Хубеј, каде се наоѓа Вухан.
На светско ниво, бројот на заразени надминува 200.000, според Универзитетот Џонс Хопкинс, со бројка на починати од над 9.000 низ светот.
Вчера излезе и информацијата дека неколку тимови успешно го тестирале лекот „Фавипиравир“ кој бил ефикасен кај речиси 91% од тестираните кои немале претходно утврдена друга дијагноза.
А. Н. Стојчевски