Принцот Алберт Втори од Монако е позитивен на новиот корона вирус, соопшти палатата на кнежевството, пренесе Кајгана. Само пред 24 часа, принцот Алберт Втори најави дека кнежевството ќе биде ставено во карантин на неодредено време.
Тој управува со кнежевството од 6 април 2005 година и е син на Рение Трети и поранешната холивудска актерка Грејс Кели.