ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Нема нови мерки, сè продолжува да функционира како и вчера

Спасовски истакна дека како Влада ги преземале сите мерки за олеснување на состојбата сега кога имаме вонредна состојба. Сите мерки што ги носиме имаат за цел да се помогне на компаниите и да се зачува животниот стандард на населението, нагласи Спасовски

March 19, 2020 12:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите сме подготвени и сплотени истакна премиерот Спасовски на денешната прес-конференција.

Спасовски истакна дека како Влада ги преземале сите мерки за олеснување на состојбата сега кога имаме вонредна состојба. Сите економски мерки што ги носиме имаат за цел да се помогне на компаниите и да се зачува животниот стандард на населението, нагласи Спасовски.

Тој додаде дека ќе ја совладаме вонредната состојба на најдобар начин, затоа е потребнно сите да се однесуваме одговорно почитувајќи ги препораките. Да покажеме дека сите одделно сме посветени во почитување на нашите обврски за да ги пребродиме овие кризни периоди.

Спасовски истакна дека вонредната состојба не значи по автоматизам забрана, ограничување на човековите права, или какви и да се други рестрикции, туку можност на Владата за побрзо донесување на одлуки кои се во интерес на граѓаните.

– Сè продолжува да функционира како и вчера. Исклучок се областите Дебар и Центар Жупа, каде во сила се посебни мерки, нагласи Спасовски.

Ќе направиме сè состојбата колку што е можно да се смени на подобро. Посебно до повозрасните сакам да порачам – Останете дома, ситуацијата е сериозна.

Спасовски истакна дека Владата продолжува да функционира непречено и посветено во интерес на граѓаните и додаде дека секое непочитување на мерките и препораките ќе биде казнето.

Сите ќе бидат редовно информирани за секоја промена на состојбата, заврши премиерот Оливер Спасовски.

Дескоска најпрво им посака побрзо закрепнување на сите и им се заблагодари на сите оние кои се директно вклучени во кризата со која се соочуваме. Таа додаде дека самото прогласување на вонредна состојба не значи забрана за движење, ниту полициски час, ниту затворање на продавници или нешто слично.

„Од вчера, со прогласувањето вонредна состојба Владата има можност да носи законски одредби. Ако се смири ситуацијата, вонредната состојба може да биде прекината, но во спротивно може да биде и продолжена. Уставот дозволува казнивост по основ на непочитување на мерките од населението. Ограничувањето не се однесува на човековите права и слободи, секој има право на лекарска помош, на право на слободна мисла итн“, истакна Дескоска.

Дескоска апелира сите совесно и одговорно да ги почитуваат мерките на Министерството за здравство и Владата и додаде дека вонредната состојба е за полесно да се справиме со кризата и Владата да може сега поекспедитивно и навремено да менува законски одредби претходно донесени.

Тие промени, потенцира Дескоска, имаат иста законска сила и во моментов се разгледуваат и подготвуваат некои одредби кои ќе бидат изменети или подобрени. Потребна е емпатија и солидарност, нагласи министерката.

„Гласањето за вонредна состојба беше една од најтешките одлуки кои ги имам донесено во животот, навистина не верував дека некогаш ќе живееме во вонредна состојба“ – рече министерката за правда, Рената Дескоска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Петровска: „Гордата дипломатија“ на ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл и доведе до проблематизирање на јазикот

July 1, 2025

Пред 120 години, Ајнштајн ја претставил Теоријата на релативитетот

July 1, 2025
Скриншот

Хуманитарната група за Газа, поддржана од САД и Израел, мора да биде затворена, порачуваат 130 добротворни организации

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk