ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во првата линија на фронтот против „Ковид 19“ државата има на располагање над 50 илјади лица

Според податоци од два-три официјални извори, може да се каже дека по прогласување на вонредната состојба државата ќе располага со над 50 илјади лица. Ова е збирна бројка од вработените во полицијата и армијата, плус околу 30 илјади вработени во севкупното здравство. На оваа бројка може да се додаде и бројка од повеќе стотици волонтери на Црвениот крст во кој членуваат над 16 илјади формални членови.

March 19, 2020 12:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 50 илјади лица вработени во МО, МВР во здравството, во царината и во инспекторатите се кадровскиот потенцијал со кој располага државата, а кои несосмнено ќе бидат постојано во таа т.н. прва линија на фронтот во сравување со корона-вирусот.

Без намера да бидеме 100-процентно точни во бројките, направивме груба слика на оние институции кои ги споменавме погоре, т.е со колку вработени располагаат.

ЗДРАВСТВОТО СО ОКОЛУ 30.000 ВРАБОТЕНИ – ЛЕКАРИ МЕЃУ 6 И 7 ИЛЈАДИ

Најпрви на линија на фронтот се, секако, здравствените работници. Според податоците од Институтот за јавно здравје, во здравствените установи во РСМ (податокот е за 2017 год.) биле вработени над 31 илјада лица, при што лекари се околу 6 до 7 илјади.

Од оваа бројка, 2.469 биле лекари по општа пракса а 3.750 лекари специјалисти. Плус има околу 1.800 лекари стоматолози. Од нјив, пак, 202 се анестезиолози, епидемиолози 42, специјалисти по заразни болести 72-ца, додека специјалисти пулмолози биле 29 лекари.

Помеѓу 13 и 14 илјади се лица од т.н. среден медицински персонал, со завршени виша и средна стручна спрема.

Бројките треба да се земат со мала резерва, не само поради тоа што податоците се од 2017, туку и поради непознатиот одлив и прилив на лекари и среден медицински персонал во севкупното здравство во РСМ во последните 2-3 години.

МВР И АРМ СО ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ

Според податоците што може да се добијат за планираниот Буџет за 2020 година, објавен на страната Министерството за финансии, одбраната, полицијата и царината располагаат со над 20 илјади лица

Бројот на вработени во МВР изнесува 12.218 лица (најголемиот број се полицајци во униформа и во цивил), во Агенцијата за национална безбедност работат 358 лица (на кои сега со уредба на Влада во вонредна состојба би можеле да им се дадат и полициски овластувања).

Бројот на вработени во Министерството за одбрана, според истиот извор, изнесува 7.833 лица, при што најголем број, околу 7.000, се припадници на Армијата, т.е. лица во униформа.

Бројот на вработени во Царинската управа е 1.153 според истиот извор. Дел од царинските работници имаат полициски овластувања и право на носење оружје.

Кога се говори за овие бројки, треба да се има предвид дека дел од припадниците на МВР и на МО, т.е. на Армијата, се распоредени на границите и граничните премини.

ДЗС И ЦУК СО БЛИЗУ 600 ВРАБОТЕНИ

Бројот на вработени во Дирекцијата за заштита и спасување изнесува 278 лица. Не располагаме со информации колку од овие лица се вклучени и дали се вклучени во моментов во справување со корона вирусот зашто досега не беа споменати.

Но, затоа, активно вклучени во оваа криза се вработените од Центарот за управување со кризи. Таму на располагање се 285 лица

Постојат и повеќе стотици вработени во повеќе инспекторати во државата. Сепак, прв на линијата на фронтот е Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој, според бројките од Буџетот за 2020 година, брои 69 вработени.

МЕДИЦИНАРИ СТУДЕНТИ И ВОЛОНТЕРИ ОД ЦРВЕНИОТ КРСТ

На горе споменатите бројки може да се додадат и неколку стотини студенти од завршните години од медицинските факултети, кои државата би можела на некој начин да ги вклучи во здравствениот систем и, секако, повеќе стотици волонтери на Црвениот крст.

Прецизни бројки немаме, освен дека во Црвениот крст членуваат над 16 илјади формални членови.

Бројките во овој напис се однесуваат на лица на кои државата може веднаш да им распредели конкретни активности во справување со корона вирусот. Кога станува збор за Армијата и полицијата, секако, мора да се калкулира и на неколку десетини илјади војници, офицери и полицајци кои се наоѓаат во резервниот состав на овие две институции.

извор: Вистиномер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пред 120 години, Ајнштајн ја претставил Теоријата на релативитетот

July 1, 2025
Скриншот

Хуманитарната група за Газа, поддржана од САД и Израел, мора да биде затворена, порачуваат 130 добротворни организации

July 1, 2025
Скриншот

Вилата на Карл Лагерфелд кај Париз оди на аукција

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk