СТОЛТЕНБЕРГ во писмо до премиерот Спасовски: Сите НАТО сојузници ратификуваа и Протоколот стапи во сила, по депонирање на вашата ратификација, Северна Македонија е 30-та земја членка на НАТО.
ВАЖНОСТА на патните исправи, возачките дозволи и личните карти продолжува до завршување на вонредната состојба, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
НА предлог на Министерството за економија, Владата на Северна Македонија на денешната седница донесе Одлука за замрзнување на цените на лимон, портокал, мандарина и грејпфрут и клементини.
ДЕМОКРАТСКИОТ сојуз на Косово (ЛДК), кој е дел од владејачката коалиција во земјата, попладнево ја достави до Собранието иницијативата за гласање недоверба за кабинетот на премиерот Албин Курти.
МИНИСТЕРОТ за внатрешни работи на Белгија, Питер Де Крем, најави дека земјата ќе ги затвори своите граници освен за неопходни патувања и превоз, јави дописничката на МИА од Брисел.
БОЛНИЦАТА Нотвик Парк во северозападниот дел на Лондон соопшти дека нема доволно простор за пациенти на кои им е потребна нега во најкритичното време.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Штип, Благој Бочварски, на својот профил на Фејсбук сподели слика и упати благодарност до сите текстилни работнички, пожарникари, комунални и кожарски работници.
ИНФОРМАТИЧАР во Одделот за информатика и телекомуникации во Министерството за внатрешни работи е позитивен на корона вирусот – Ковид 19, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
ЌЕ се подготви посебен план за хуманитарни летови за граѓаните кои се затекнати во други држави, но по враќањето во земјава тие ќе треба да поминат соодветен број денови во карантин, напиша вечерва премиерот Оливер Спасовски на својот официјален Фејбук профил.