Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција информираше за повеќе одлуки на Владата поврзани со мерките за спречување на корона вирусот.
– Владата донесе одлука за замрзнување на цените на производите, но и на лекови, средства за дезинфекција и продути за лична заштита. Со цел заштита од коронавирус, решивме да се затворат сите ресторани, кафетерии каде се собираат луѓе. Засилени се контролите во супермаркетите за цените. Свесни сме за големата паника кај граѓаните кои решија да купуваат нерационално. Со цел да им излеземе во пресрет на инспекторите заедно со пазарниот инспекторат, отворивме бесплатна линија 191 за пријавуваење на оние кои ќе ги прекршуваат владините мерки и одлуки. Сакам да алармирам до сите кои нема да ги почитуваат препораките дека ќе бидат казнети со казна од 5 илјади евра и казна затвор и до една година – рече Бектеши.
Тој исто така ги повика сите граѓани и бизнисмени да бидат разумни, да бидат солидарни и одговорни, а не да не размислуваат на профит.