ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Да не подлегнуваме на страв и паника – стресот го инхибира имунолошкиот систем

Граѓаните не треба да се плашат. Природата се погрижила имунолошкиот систем да биде способен соодветно да одговори кон сите досега познати антигени, па дури и кон сите оние што допрва ќе се создадат во иднина. Само треба да му се остави доволно време тоа да го направи, како и малку да му се потпомогне, вели за МИА имунологот д-р Дејан Трајков, професор на Медицинскиот факултет – Скопје во врска со коронавирусот

March 20, 2020 14:25
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Граѓаните не треба да се плашат. Природата се погрижила имунолошкиот систем да биде способен соодветно да одговори кон сите досега познати антигени, па дури и кон сите оние што допрва ќе се создадат во иднина. Само треба да му се остави доволно време тоа да го направи, како и малку да му се потпомогне, вели за МИА имунологот д-р Дејан Трајков, професор на Медицинскиот факултет – Скопје во врска со коронавирусот.

-Единствената разлика меѓу сите нас е во тоа што времето потребно имунолошкиот систем да го покаже својот максимален ефект е индивидуално и различно. Ние сега можеме да му помогнеме само со консумација на одредени минерали и витамини. Нивниот вид и концентрација зависи од претходната физичка и психичка состојба на организмот, што е повторно индивидуално. Секако, што е исто така многу важно, во никој случај не треба да се наруши невро-ендокрино-имунолошката оска која постои во нашиот организам. Со други зборови, не треба да подлегнуваме на никаков страв и паника, бидејќи стресот кој при тоа се јавува веднаш ќе доведе до инхибиција на имунолошкиот систем и неможност на организмот благовремено да се одбрани. За тоа воопшто и нема причина, нагласува д-р Трајков.

Според него, одморот и сонот, кои сега ни се потребни во поголем обем, а кои ни се овозможени со подолгиот престој во домовите поради изолацијата, се едни од битните чинители кои исто така ќе му помогнат и ќе овозможат правилна функција на имунолошкиот систем.

-Министерството за здравство и здравствените работници досега ги имаат преземено сите соодветни здравствени мерки, правовремено и во доволен обем, за да му овозможат на имунолошкиот систем навреме да се разбуди и да ја изврши својата должност, оценува проф. д-р Трајков од Медицинскиот факултет во Скопје.

Next Post

ССМ: Тужби за работодавачите ако незаконски намалат плати

НАЈНОВО

Почина албанскиот новинар и аналитичар Жеји

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Дронови над Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025

Oдбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk