ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За пет дена извршени 174 вонредни контроли во маркети, евидентирани мали отстапки

Операторите со храна ги почитуваат општите хигиенски барања при манипулацијата со храна, а нема отстапки ниту во поглед на спроведувањето на пропишаните превентивни и мерки за заштита од страна на Владата

March 21, 2020 10:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Операторите со храна ги почитуваат општите хигиенски барања при манипулацијата со храна, а нема отстапки ниту во поглед на спроведувањето на пропишаните превентивни и мерки за заштита од страна на Владата.

Ова го констатираа инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кои од 16-ти овој месец спроведуваат засилени контроли како дел од мерките за справување со корона вирусот во земјава.

Како што вели за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов, за пет дена се извршени 174 вонредни инспекциски контроли во продавници, маркети, хипер маркети каде се врши продажба на храна, месарници, угостителски објекти и ресторани кои вршат подготовка на храна и продажба на алтернативен начин – со достава на храна до дома или со подигнување нарачка надвор од угостителските објекти преку штанд или пулт, согласно препораките на Владата.

-Со спроведените 22 контроли во производството, 56 во прометот, 121 контрола во угостителски и пет во водоснабдителни објекти, евидентирани се мали отстапки кои се однесуваат на незаверени санитарни книшки, несоодветно водење записи и неспроведени мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација. За констатираните недоследности се изречени четири мерки едукација и се издадени три решенија за отстранување на недоследностите, истакнува Атанасов.

Според него, засилените контроли продолжуваат и во наредните денови, а се насочени кон спроведување на правилата за Добра производствена и хигиенска пракса во објектите, кон личната хигиена на вработените, кон тоа дали се вршат редовни санитарни прегледи согласно Законот за безбедност на храна, каква е хигиената при манипулација и подготовка на храната, при транспорт и дистрибуција, дали се запазува температурниот режим при чување и транспорт/дистрибуција.

-Контроли се вршат и на хигиената на транспортните средства, материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, означувањето на производите, рокот на употреба, чувањето, како и тоа дали се врши редовно чистење и дали се спроведуваат засилени и чести дезинфекции на работните простории, превозните средства и опремата за транспорт на храна за повеќекратна употреба, согласно препораките на Владата, нагласува дректорот на АХВ, Зоран Атанасов.

Next Post

Спасовски: Санкции за секој кој нема да ги почитува мерките

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk