Утрово во 6,23 часот силен земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Загреб. Како што јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, проследен е и со уште еден потрес со јачина од пет степени.
Како што може да се забележи од видео клипот, има оштетувања на зградите попаѓани делови од фасади на постарите згради во централното градско подрачје на Загреб, а има оштетено и автомобили. Луѓето се во шок и излезени на улиците, а оштетена е и Катедралата во Загреб.
Вториот потрес се случил точно во моментот кога е и сниман видео клипот.
Вториот потрес се случил во 7,01 часот и неговата јачина, според првичните податоци, била 5 степени по Рихтеровата скала, јави Хина.
Загреб се тресеше десетина секунди, а луѓето панично излегоа на улиците. Вести за предизвикана материјална штета доаѓаат од целиот град и околината, соопшти загрепски „Јутарњи лист”.
Во некои делови на Загреб, кус период беше прекинато снабдувањето со електрична енергија.
Ј. Ѓ.