Владата на вчерашната седница им препорача на банките во нашата држава порано да ги исплатат пензиите за да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните во екот на пандемијата од корона вирусот и зголемената потрошувачка.
Вицепремиерката Мила Царовска е во контакт со Македонската банкарска асоцијација и пренесени се последните препораки и одлуки донесени од Владата.
„По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, кабинетот на вицепремиерката предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28 март“,