ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Сите функционери одат на минимална плата од 14.500 денари, ќе има и други дополнителни мерки

200 милиони евра финансиска помош, потпишани првите акти за средства од ММФ, Европска банка и обврзници.

March 22, 2020 14:06
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА

Владејачката СДСМ денес на прес конференција изнесе неколку предлог мерки за справување со економската и здравствена криза кај нас.

Сите функционери, јавниот сектор и јавната администрација одат на минимална плата од 14.500 до мај. Оваа мерка не се однесува на лекарите, полицајците и сите оние кои работат на справување со епидемијата.

За оние кои останале без работа ќе има брз влез во системот за заштита, по 7.000 денари по домаќинство.

До крај на јуни нема закон за извршување.

Банките се согласни со Владата априлските рати за кредити ќе се плаќаат во јуни, а ако е потребно мерката и ќе се продолжи.

Се ослободуваат закупниците на станови и деловен простор за следните 3 месеци. Приватниците да го следат примерот и да ги одложат закупите.

Бескаматен кредит за фирмите од 6 милиони евра, каматата ќе ја покрие Владата. Дополнителни 50 милиони евра ефтини кредити од 3.000 – 30.000 евра од Развојна банка.

Минимална плата 14.500 за април и мај од државата за секој работник од приватните фирми погодени од кризата. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плата и персоналниот данок. Ние ќе очекуваме, доколку можат фирмите да исплатат и повеќе од минималната плата. Оваа мерка ќе може да ја користат сите фирми кои: нема да даваат дивиденди и бонуси до крајот на 2020 година и нема сега за време на кризата да повлекуваат дивиденди и бонуси на основ на добивка од 2019 година. Исто така, за заштита на работниците, се воведува забрана на фирми да одат во стечај во време на кризата.

Помош за медиумите: по една минимална плата за вработените во медиуми.

Спортските здруженија, исто така, ќе добијат просечна плата од 14.500.

Пензионери, лица со попреченост, бремени жени да пазарат во одреден дел од денот (7 – 9 часот наутро).

„Оние кои мораат да работат ќе добијат налог за транспорт на стоки или дозвола за работа, сé си е тоа регулирано“, изјави Заев.

Денес од министерката Нина Ангеловска беа потпишани првите акти за средства од ММФ, Европска банка и обврзници, со кои добиваме дополнителни 200 милиони евра финансиска помош.

60.000 евра од ЕУ. Побаравме помош од Кина, очекуваме да стигне помош и од нив. Како добри соседи, понудивме помош на околните држави доколку е потребна.

Нема да се пресметува помошта само за оние вработени кои имаат поголема нето плата од 39 900 денари. Фирмите кои ќе аплицираат за помошта, во моментот на аплицирањето да имаат најмалку ист број на вработени како што имале пред кризата со корона вирусот. Критериумите ќе се одредат јасно и прецизно, а целта е да нема отпуштање на работниците. Правиме сé секој работник да го задржи своето работно место и да ја добие минималната плата.

„Заедно, солидарно ќе го надминеме овој проблем„ – рече на крајот Заев.

Next Post

22 март, светски ден на водата

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk