ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски со апел до нашите граѓани во странство – ќе помогнете ако не се враќатe сега

Премиерот Оливер Спасовски вечерва упати апел лицата кои се обврзале со изјавa за самоизолацијата, како и оние со решенија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да ги почитуваат мерките и препоракте на Владата, а до нашите граѓани кои се наоѓаат надвор од државата дека ќе помогнат ако не се враќат сега во земјава

March 23, 2020 21:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски вечерва упати апел лицата кои се обврзале со изјавa за самоизолацијата, како и оние со решенија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да ги почитуваат мерките и препоракте на Владата, а до нашите граѓани кои се наоѓаат надвор од државата дека ќе помогнат ако не се враќат сега во земјава.

-Укажувањата превентивните мерки што ги презема Владата во справувањето со вируисот беа многу порано од сите држави во опкрукжувањето па дури и пошиорко. Дури имавме превентивни мерки  поголеми од Италија. Во тие моменти кога наши граѓани се враќаа од Италија веќе на нашиот аеродром и на влезот на границата имаше преземање на превентивни мерки. Дека има луѓе кои не ги почитуваат тие мерки, да има, и затоа ние воведувавме можност следење на луѓето кои се во самоизолација по потпишувањето на изјава дека ќе останат во самоизолација или пак оние што биле во директен контакт  со одредени кластери кои се носители на вирусот тие имаат издадено решение од Санитарниот здравствен инспекторат дека треба да бидат 14 дена во  самоизолација. Сепак, тука имаме состојба во која што одредени лица не почитуваат, за нив се водат и кривични постпаки, рече Спасовски во интервју за ТВ 24.

Тој укажа дека во многу од градовите каде што лица не почитуваат самоизолација беа известени органите и врз основа на тоа се покренати кривични постапки, дури се казнети одрдени лица бидејќи и тука нема дилема дека тоа мора да се почитува.

-Ги повикувам  граѓаните за лица кои знаат дека не се во самоизолација, а треба да бидат, веднаш да ги известат надлежните  органи и на тој начин помагаат, рече Спасовски.

Во однос на нашите државјани затекнати во странство, а кои сакаат да се вратат назад во земјава, единствен граничен премин што функционира  за излез и влез во РСМ е Деве Баир и таму се поставени  службите. Оние коиш доаѓаат  од стрнство се носат директно во државен карантин на локации кои се определени за таа цел и за тоа има посебно формирано тело.

-Нема отстапки за тие луѓе. Има состојба во која се најавува дека ќе пристигнат во државава лица, се пријавуват преку МНР на крајот кога ќе се организира превозот трансферот не доаѓаат заради тоа што има карантин. Јас апелирам до тие граѓани кои се наоѓаат надвор од земјата –  ќе помогнат ако не се враќат сега во државата. Да си останат таму каде што се подобро за нив и за нивното здравје, подобро е и да се намали ризикот во  РСМ, а во опкружувањето сега нема никаде слободна граница на која можете  толку лесно да преминете.  И затоа со недоаѓањето можете да покажете  одговорност во овој дел. Јас имам навистина разбирање за луѓето кои се заминати  деловно за работа или пак од некоја друга причина, а се затекнати на некој аеродорм, на некоја  граница, тука реагираме што е можно побрзо тие луѓе да ги враитме назад, но сите мора да одат во карантин, рече Спасовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk