ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Скопје досега регистрирани 81 заболен од корона вирус

На територијата на Скопје досега се регистрирани 81 заболен од корона вирус, од нив дел се на Клиниката за инфективни болести, а дел во домашно лекување. Досега нема локално автохтоно жариште никаде во земјава, ниту во Скопје, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче,одговарајќи на новинарско прашање

March 23, 2020 16:40
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

На територијата на Скопје досега се регистрирани 81 заболен од корона вирус, од нив дел се на Клиниката за инфективни болести, а дел во домашно лекување. Досега нема локално автохтоно жариште никаде во земјава, ниту во Скопје, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче,одговарајќи на новинарско прашање.

За точниот број на заразени по општини, Филипче најави дека дополнително ќе бидат соопштени, откако ќе се види анализата од податоците од електронската база.

Прашан како се заразиле новозаболените од Скопје, Филипче рече дека сите се во врска со веќе познати кластери на заболени за епидемиолозите.

– Досега нема локално автохтоно жариште никаде во земјава, ниту во Скопје. Нема нешто што не може да објасниме, таква работе досегеа нема, нагласи Филипче.

За тоа колку од заболените во Скопје се во болница, Филипче рече дека дел се на Клиниката за инфективни болести, а останатите се на домашно лекување, но дека за прецизна бројка дополнително ќе информираат.

Прашан дали решенијата за задолжителен карантин се даваат само на лица за кои е потврден вирусот или и за други, Филипче појасни, дека сите заболени се во фаза на лекување.

– Лицата кај кои е потврден корона вирус се во фаза на лекување. Дали ќе се лекуваат на Клиника или во домашни услови зависи од лекарите и манифестацијата на болеста. Во зависност од состојбата се лекуваат на Клиника или во домашно лекување. Ние тоа го преземавме од германскиот модел и сметам дека е сосема солидно така да продолжиме, појасни Филипче.

Во однос на зголемените гужви во автобусите на ЈСП и дали ќе сугерираат нови мерки, Филипче рече дека веќе разговарале со градоначалникот и дека од утре проблемот ќе биде решен.

– Причина за ова е поместувањето на целиот возен ред со оглед на полицискиот час. Веќе се направени пресметки колку автобуси треба бидат пуштени во соодветен период. Верувам дека веќе од утре овој проблем ќе биде решен, појасни Филипче.

Министерот Филипче повторно порача дека има сосема доволни количини на лекови и дека граѓаните треба да бидат спокојни и да не прават домашни аптеки.

Next Post

Од утре ЈСП со зголемен број на автобуси на неколку линии

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk