Во Скопје има седум а во Куманово пет новозаразени со корона вирусот (двајца доктори и една медицинска сестра) , изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
„Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица, од кои едно е излекувано, а две се починати“, рече министерот.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40), Куманово (8), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2) и во Гостивар еден пациент, потенцираше Филипче.
„Во кумановската болница вчера интензивно се работеше, се правеа интервјуа. Се правеа првични, секундарни контакти. Има пет позитивни лица, од кои тројца се здравствени работници, двајца доктори и една медицинска сестра“, рече Филипче.
Ниту еден од семејството на починатата нема клиничка симптоматологија.
Министерот истакна дека од денеска ИЈЗ ќе спроведе тестирање на сите лица кои беа во врска со кожната клиника, односно со заразената директорка, а тоа е голем број на лица.
-Тие лица сè уште се во излолација, и за да нема оптеретување на лабораторијата, ќе се тестираат луѓето во неколку циклуси- истакна Филипче.
Од денеска ќе се тестираат лицата кои беа во контакт со директорката од кожната клиника и ќе се тестираат во неколку циклуси.
Филипче потврди дека во Охрид е затворено одделението за Трансфузија откако пациент дошол да си земе резултати, а после неколку дена развил и симптоми на вирусот, а потоа му било и утврдено дека е заразен со Ковид- 19.
Филипче исто така најави дека ќе биде прекинат градскиот во Куманово и меѓуградскиот од и кон Куманово и околината.