Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на корона вирус во земјата, од кои седум во Скопје и пет во Куманово.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со корона вирус денеска до 12 часот изнесува 148 лица, од кои еден е излекуван, а двајца се починати.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40) – од кои еден починат, Куманово (осум) – од кои еден починат, Штип (седум), Кавадарци (два), Охрид (два), Гостивар (еден).
Поради собирање на податоците до 12 часот, соопштението со детален извештај ќе биде испорачано секој ден во периодот од 12 до 13 часот, стои во соопштението.
Информацијата ја сподели на својот ФБ профил и министерот за здравство, Венко Филипче.