ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Жерновски: Безусловната препорака ни дава поттик дека многу брзо ќе станеме полноправна членка на ЕУ

Tреба да се напомене дека Северна Македонија добива безусловна препорака, а како што вели Жерновски, донесувањето на Законот за јавно обвинителство, иако не беше услов, и тоа како го зацврсти македонското портфолио.

March 24, 2020 11:15
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ

Македонското законодавство е 50 отсто усогласено со европското, а безусловната препорака само ни дава поттик дека штом се отворат преговорите со Европската Унија, Северна Македонија многу брзо ќе стане полноправна членка. Ова е ставот на Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи, кој денеска во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за предизвиците на државата во пресрет на првата видео-конференција на министрите за надворешни работи на земјите од Унијата (ГАК) во услови на изолација поради болеста Ковид 19.

– Мора да почекаме да заврши целата процедура. Денеска ќе се изјаснат министрите за надворешни, но после 11 препораки најблиску сме да го добиеме датумот. Денеска треба да почекаме да се усогласи текстот. Прашање на денови е кога ќе бидеме членка и на НАТО. Денеска сепак оваа конференција има неформален карактер, но ова е потврда и валоризација на она што е направено. Нашето CV е толку силно што не можеше да се одбегне. Очекувам ЕК да ја направи рамката за отпочнување на преговори и да почнеме да работиме на поглавјата кои ќе се отворат, изјави Жерновски.

Според него, треба да се напомене дека Северна Македонија добива безусловна препорака, а како што вели Жерновски, донесувањето на Законот за јавно обвинителство, иако не беше услов, и тоа како го зацврсти македонското портфолио.

– Франција рече дека ќе почека да биде готов извештајот. Холандија цело време зборуваше за Законот за јавно обвинителство, но покажавме зрелост и подготвеност дека ги практикуваме европските вредности. Не се жалевме, не баравме виновик, укажавме дека грешка е направена, но рековме дека ги разбираме дилемите, дека самите знаеме дека процедурата треба да даде поопипливи резултати и дека мора да се однесуваме како земја-членка и ова е на крај наградено. Најголемата поддршка ја добиваме бидејќи домашната работа е одлично завршена. Кога ќе дојде меѓувладината конференција, само ќе покажеме бргу дека ние за цело ова време работевме, не губевме време, напомена заменик-министерот.

Жерновски е дециден дека македонското законодавство е над 50 отсто усогласено со европското.

– Ќе видиме како ќе се работи по различни области, но ние имаме поминато сериозен дел од усогласувањето со европското законодавство. Ние веќе ќе ги стигнеме дури и претркаме соседите. Тоа беше јасна порака од Брисел. Ние не губевме време. Се однесуваме европски и тврдам дека во овој момент се однесуваме поевропски дури и од некои земји-членки, потенцираше тој.

Заменик-министерот за надворешни работи воедно смета дека методологијата која ја наметна Франција е „вин-вин“ ситуација и за ЕУ која го враќа кредибилитетот, но и за Западен Балкан, а напомена дека Преспанскиот договор и договорот со Бугарија, покажале дека национализмот не води никаде кога е во прашање решавањето на билатералните спорови.

Next Post

Шоптрајанова на ФБ: Не се зезајте со Сумамедот на своја рака - така убитачен за бактерии, убитачен е и за секого што го зема без потреба

НАЈНОВО

Шукова со критики до Орце Ѓорѓиевски: Позира и отворено го брани криминалното дивоградителство во Чаир

August 24, 2025

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

August 24, 2025

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk