ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Препораки до операторите со храна за време на пандемијата со корона вирусот

Засилете ги сите мерки кои се однесуваат на добрите хигиенски и производствени пракси. Иако досегашните сознанија покажуваат дека корона вирусот не се пренесува преку храната, лицата кои работат со храна, со кашлање, кивање или преку контакт со раце, може да го пренесат на работните површини и храната, освен, ако строго ги следат добрите практики за лична хигиена. Воведете дополнителни контроли со кои ќе бидете сигурни дека со храна работат здрави лица. Пред почетокот на секоја нова смена, раководителот да направи консултација со вработените, за состојбата со нивното и здравјето на нивните семејства

March 25, 2020 10:39
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Засилете ги сите мерки кои се однесуваат на добрите хигиенски и производствени пракси. Иако досегашните сознанија покажуваат дека корона вирусот не се пренесува преку храната, лицата кои работат со храна, со кашлање, кивање или преку контакт со раце, може да го пренесат на работните површини и храната, освен, ако строго ги следат добрите практики за лична хигиена. Воведете дополнителни контроли со кои ќе бидете сигурни дека со храна работат здрави лица. Пред почетокот на секоја нова смена, раководителот да направи консултација со вработените, за состојбата со нивното и здравјето на нивните семејства.

Ова се дел од препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) до бизнисите и операторите со храна во време на пандемијата со корона вирусот.

АХВ напоменува дека во процесот на производство и промет со храна, не треба да работат лица кои имаат некој од симптомите на Ковид-19.

– Заштитете го здравјето на вашите вработени, согласно препораките за заштита од корона вирусот. Со тоа ќе овозможите соодветно да се одржи производството и прометот со храна во време на пандемијата, кога храната претставува најзначаен производ на пазарот. Ако сметате дека е потребно, препораките напишете ги на видно место. На видно место истакнете ги чекорите за правилно миење на рацете. Лицата кои работат со храна мора да ги мијат рацете: пред да почнат со работа, пред да ракуваат со зготвена храна, односно подготвена храна за консумација од страна на потрошувачите, по ракување или подготовка на сурова храна, по ракување со отпад, должности за чистење, користење на тоалетот, по јадење, пиење или пушење, по ракување со пари, или генерално – редовно, наведува Агенцијата.

Според АХВ, доколку се користи заштитна опрема во процесот на производство и промет со храна, вработените треба да знаат како правилно да ја користат.

– Заштитните ракавици мора често се менуваат, а рацете да се мијат по секое вадење и пред секое менување нови ракавици. Заштитните ракавици треба да се сменат по извршување на активности кои не се поврзани со храна, како што се отворање/затворање на вратите со рака, празнење на канти, ракување со пари… Лицата кои работат со храна треба да бидат свесни дека носењето заштитни раквици може да им овозможи на микроорганизмите да се соберат на површината на рацете. Затоа, миењето на рацете е исклучително важно кога ќе се отстранат ракавиците. На ваков начин ќе се избегне последователно загадување на храната. Кога се носат заштитни ракавици подолг временски период, без често менување и миење на рацете, микроорганизмите на кожата брзо се размножуваат поради топлината и влажноста што ја создаваат ракавиците. Кога заштитните ракaвици ќе се отстранат, ако се ракува со храна без миење на рацете, голем број бактерии можат да се пренесат во храната. Правилното миење на рацете е исклучително важно, без оглед дали се користат заштитни ракавици или не. Ако се користат, миењето на рацете треба да се изврши пред да се стават ракaвиците, меѓу менувањето на ракавиците и откако тие ќе се отстранат, објаснува Агенцијата

АХВ претходниве денови издаде препораки и за безбедно подготвување храна во домот, како  и за купување храна во време на пандемија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Активни 11 пожари, владата прогласи кризна состојба

July 8, 2025
Фото: МИА

„Support Kocani“ со втора пратка компресивна облека за повредените во пожарот

July 8, 2025

Убиен командантот на Хамас Мехран Мустафа Баџур во израелски напад на Либан

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk