ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Известувачите на ПССЕ ја поздравија одлуката на Советот на ЕУ да ги отвори преговорите со Северна Македонија и Албанија

Известувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за мониторингот со Албанија, Џо О’Рајли и Петер Аиде и известувачот за пост- мониторинг дијалогот со Северна Македонија, Лиз Кристоферсен, денеска ја поздравија одлуката на Советот на Европската унија за отворање преговори за членство со Албанија и Северна Македонија

March 26, 2020 16:36
in ДЕНЕС

Известувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за мониторингот со Албанија, Џо О’Рајли и Петер Аиде и известувачот за пост- мониторинг дијалогот со Северна Македонија, Лиз Кристоферсен, денеска ја поздравија одлуката на Советот на Европската унија за отворање преговори за членство со Албанија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА.

-Во контекст на трагичните случувања предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, ова е многу добра вест и признание за заложбите на овие две земји за спроведување на реформите и политиките потребни за нивното европско интегрирање. Како известувачи за овие земји, ние сме подготвени да им помогнеме да продолжат на патот на евроинтеграциите, на кој било можен начин, рекоа известувачите.

Известувачот Кристоферсен, потсети дека интеграцијата во ЕУ е долготрајна консензуална и стратешка цел за Северна Македонија, која ги надминува политичките и етничките разлики.

-Ова многу очекувано зелено светло доаѓа откако земјата презеде, во последните години, одлучувачки – иако тешки – чекори за решавање на „проблемот со името“ и започнување големи реформи. Денешното достигнување на процесот на интеграција во ЕУ е исто така резултат на можноста на сите најголеми политички партии да ги постигнат потребните политички договори за земјата да оди напред, во што се подразбира и неодамнешното усвојување на изменитиот закон за Јавното обвинителство, рече Кристоферсен .

Таа додаде дека се надева оти оваа одлука ќе ги засили тековните реформи, вклучително и оние што се очекуваат во рамките на пост-мониторинг дијалогот на ПССЕ со Северна Македонија, имено одржливоста и функционирањето на демократските институции, независноста на судството, борбата против корупцијата и консолидација на изборната рамка и спроведување на инклузивни политики со цел обезбедување на правата на малцинствата, како што е истакнато во Резолуцијата на Собранието од октомври 2019 година..

Покрај тоа, известувачите за Албанија ги повикаа сите политички фракции во Албанија да ја искористат оваа одлука за надминување на нивните политички разлики и решавање на системската политичка криза во земјата, да продолжат со реформите насочени кон создавање на навистина независно судство и да ја засилат борбата против организираниот криминал и широко распространетата корупција во земјата.

-Политичката криза е „Ахиловата пета“ на реформскиот процес и демократската консолидација на Албанија. Сите политички фракции му должат на албанскиот народ да ја решат кризата и да ја надминат ендемичната политичка поларизација во земјата “, истакнаа О’Рајли и  Еиде.

Next Post

Папата Франциск негативен на коронавирус

НАЈНОВО

Со мурал и нови содржини почнува прославата за 40 години од „Бушава азбука“

August 27, 2025

Ламборџини го претстави новиот Феномено, својот најекстремен модел до сега

August 27, 2025

Повеќе превезена стока во товарниот патен превоз, помалку во воздухопловниот

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk