Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на корона вирусот.
Премиерот има благи симптоми и ќе се самоизолира на Даунинг Стрит, но ќе продолжи да ја води владината кампања за справување со кризата.
Утринава, тој објави видео на Твитер во кое кажува дека има температура и постојано кашла. „Работам од дома, се самоизолирам, и тоа е единственото правилно нешто што треба да се прави“ вели тој. „Но, не се сомневајте дека можам и понатаму да комуницирам со членовите на мојот водечки тим и да ја водам борбата против корона вирусот.“
Од Даунинг Стрит информираа дека „откако вчера имаше благи симптоми, премиерот го послуша советот од проф. Крис Вити да се тестира.“
Over the last 24 hours I have developed mild symptoms and tested positive for coronavirus.
I am now self-isolating, but I will continue to lead the government’s response via video-conference as we fight this virus.
Together we will beat this. #StayHomeSaveLives pic.twitter.com/9Te6aFP0Ri
— Boris Johnson #StayHomeSaveLives (@BorisJohnson) March 27, 2020