ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МИОА: Дневни дозволи за работа после 21.00/16.00 часот за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до пет вработени

Од Министерството посочија дека вработени во здравствените организации треба да се достават податоци за сите вработени лица: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон и е-mail.

March 27, 2020 16:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Полициски час Скопје, Транспортен центар. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Полициски час Скопје, Транспортен центар. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за информатичко општество и администрација соопшти дека, согласно последните насоки на Владата, е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење по 21.00/16.00 часот за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до пет вработени.

Од МИОА наведоа дека дозволите се издаваат за органите на државната власт, кои треба да достават неделни распореди за вработените за кои се потребни дозволите за движење, како и табела со следните податоци за вработените: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.

– Дозволи за општинските кризни штабови, кои доставуваат податоци преку Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) до МИОА Податоците потребно е да ги достават секој ден-недела најдоцна до 12.00 часот, за наредната работна седмица, на [email protected], наведоа од МИОА.

Од Министерството посочија дека вработени во здравствените организации треба да се достават податоци за сите вработени лица: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон и е-mail.

– Дозволи се издаваат за медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, сниматели и останат технички персонал) се потребни следните информации: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата. Дозволите ќе се издаваат на сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на АВМУ (Регистар на печатени медиуми /Регистар на телевизии / Регистар на радија), како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми), наведоа од МИОА.

Од Министерството соопштија дека за дозвола за пекарите/бурекџилниците до пет вработени потребни се следните информации: тековна состојба за правното лице, не постара од шест месеци, фотографија од објектот во кој се врши дејноста, име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.

– За дозвола за погребалните правни лица се потребни следните информации: име и презиме, матичен број, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата. Табелата со сите горе споменати категории потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: [email protected]. Оваа информација е потребна за секоја работна седмица поединечно, образложија од Министерството.

Министерството за информатичко општество и администрација истакна дека не издава дозволи за вработени во приватни фирми и не прима барања во хартиена форма.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk