Три лекови – умифеновир, ремдесивир и фавипиравир поминуваат низ клиничко тестирање на пациенти со корона вирус, според привремените препораки за превенција, дијагностицирање и лекување на пациенти, соопшти руското Министерство за здравство.
Според објавените податоци, овие лекови би можеле да се користат за лекување на пациенти со Ковид-19, објавија pуските медиуми.
Сепак, се наведува дека податоците што се достапни денеска не се доволни за да се добие конечен заклучок за ефекасноста на лекувањето.