ВЛАДАТА на Република Северна Македонија апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани кои се најдоа во странски земји се по највисоки здравствени стандарди. Станува збор за обезбеден капацитет од 2104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се 1082 легла.
Граѓаните сместени во државните карантински објекти не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската.
*
ДЕВИЗНИОТ курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, нагласува Народната банка по објавите во некои медиуми и на социјалните мрежи во кои се коментираат девизните курсеви на онлајн платформи.
*
СО одлука на надлежните јавни власти и со претходно одобрување за користење на хотел „Широк Сокак“ во Битола, од синоќа во овој град на контролирана изолација се група граѓани, повратници од Малта, најголем дел жители на овој град.
*
ЛИЦАТА со попреченост стануваат уште поранливи во услови на тековната состојба предизивикана од ширење на коронавирусот, сметаат одговорните од здружението „Инклузива“. Од „Инклузива“ бараат поддршка од системот за лицата со попреченост, како и за нивните семејства, преку соодветни протоколи за оваа категорија граѓани.
*
НАЈОПТИМИСТИЧКО сценарио е изборите да се одржат во јуни доколку се земе во предвид прогнозата дека пикот би бил за еден месец, а периодот на закрепнување уште еден месец, мај, така што јуни би можело да се одржат избори, но сосема со друга форма на кампања, без големи собири и митинзи, истакна вчера претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на емисијата 360 степени.
*
„ЛАЖНИТЕ приказни веќе одамна станаа секојдневие за вас и вашата партија. Нема ден, а да не извитоперите или измислите некоја приказна со која сакате да ја манипулирате јавноста. Слободно продолжете со тоа, но оставете ја општината Гази Баба и мене далеку од вашите измислени приказни“, реагира градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Герогиевски на вчерашниот статус на Фејсбук на Христијан Мицкоски.
Мицкоски, вчера меѓудругото обвини дека Гази Баба обезбедуваат 15 милиони денари за нови привремени партиски вработувања.
*
СПОРЕД најновите податоци, во светот досега се регистрирани 600.859 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 27.417, а оздравеле 133.426 лица.