ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Народна банка: Денарот е и ќе остане стабилен, нема промени во девизниот курс

March 28, 2020 10:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, нагласува Народната банка по објавите во некои медиуми и на социјалните мрежи во кои се коментираат девизните курсеви на онлајн платформи.

Народна банка апелира на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации бидејќи секое произволно толкување на информациите во врска со домашната валута може да креира негативни ефекти врз домашната економија.

„Апелираме онлајн-платформите да не се користат како релевантен извор на информации и нивното прикажување на виртуелни пресметковни курсеви да не се смета за релевантен податок. Овие платформи не ја прикажуваат вредноста по која странските валути се купуваат на домашниот пазар, односно кај банките и менувачниците“, нагласуваат од Народна банка.

Оттаму посочуваат дека единствен релевантен извор на информации според кој населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута е курсната листа што ја објавува централната банка на својата веб-страница –www.nbrm.mk. 

„На курсната листа што е во важност во моментов, средниот курс на еврото во денари изнесува 61,69 денари“, посочуваат од Народна банка додавајќи дека располагаат со низа инструменти со кои гарантираат дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен и оти девизните резерви се на високо ниво и тоа двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година.

Next Post

Влада: Државните карантини се безбедни и строго контролирани, нашите државјани сместени таму не се закана за никого

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk