Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција информираше за состојбата со корона вирусот во нашата држава.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на корона вирус во земјата: Дебар 1 , Скопје 19, Куманово 3, Прилеп 1, Тетово 1, Крива Паланка 1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 285 лица.
Девет пациенти од Клиниката за инфективни болести се излечени и пуштени на домашно лекување – 8 од Дебар и 1 пациент од Скопје.
Со вклучување на приватните лаборатории, согласно договорите што ќе се направат со ФЗО, капацитетот значајно ќе се зголеми.