Многу е важно да знаат граѓаните дека од пакетот економски мерки за справување со кризата, прво се испорачаа големиот пакет од 200 милиони евра за поддршка на работниците, на стопанството и фирмите, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интревју за Сител.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/205635794073926/?t=16
„Како и другите политички партии и ние дадовме предлози до Владата со цел справување со кризата во државата. Мерките имаат за цел да ги задржат работниците на работа и да им обезбедат минимум приход, како и за санација на буџетот, за да може да ги финансира основните функции на државата и за социјалните придонеси“, вели Заев.