ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Крајот на епидемијата на корона вирусот во Италија е можен кон почетокот на мај

Италијанскиот заменик министер за здравство Пјерпаоло Силери, еден од првите заболени со корона вирусот, вчера изјави дека пикот на епидемијата во Италија се очекува за околу седум до десет дена.

March 31, 2020 11:23
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според прогнозите на италијанскиот Институт Ејнауди за економија и финансии, епидемијата на новиот корона вирус во Италија би завршила до 5 мај.

Епидемиолошкото сценарио на Институтот се темели врз алгоритмот кој ги зема предвид сите параметри на пандемијата, вклучувајќи го и бројот на новите случаи, хоспитализацијата, заздравувањето на пациентите и стапката на смртност. Научниците очекуваат акутната фаза на пандемијата да заврши до средината на април.

Се очекува северниот регион Трентино-Јужен Тирол да ја укине вонредната состојба на 6 април, а еден ден подоцна истото да го направат и централните региони Базиликата, Лигурија и Умбрија.

Според прогнозите, регионот Лацио ќе прекине со објавување на нови случаи на корона вирусот до 16 април, а се очекува северните области Венето и Пијемонт, кои беа меѓу првите што пријавија заразени случаи, да прогласат крај на епидемијата на 14, односно на 15 април.

Најтешко погодениот регион Ломбардија и нејзиниот административен центар Милано, ќе прогласат завршување на епидемијата до 22 април, соседниот регион Емилија-Романија, кој е втор по бројот на потврдени случаи на зараза во Италија, тоа ќе го направи на 28 април, а Тоскана на 5 мај.

Италијанскиот заменик министер за здравство Пјерпаоло Силери, еден од првите заболени со корона вирусот, вчера изјави дека пикот на епидемијата во Италија се очекува за околу седум до десет дена.

Според официјалните податоци, во последните 24 часа во Италија од Ковид-19 починале 812 лица, а во истиот период се потврдени 1.648 нови случаи на зараза, што е рекордно низок број во споредба со просечните 3.000 лица дневно. Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во Италија изнесува 101.739 луѓе, а на починати 11.591.

Next Post

Парична казна од 1.000 евра за непочитување на здравствените прописи во Дебар

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk