Влијанието на глобалната пандемија врз цената на нафтата, алкохолот, тутунот и храната предизвика пад на инфлацијата на ниво од 0,7 отсто во еврозоната во март годинава, покажуваат податоците на агенцијата за статистика на Европската унија „Евростат“.
Државите од Еврозоната имаат цел да ја задржат годишната инфлација на нешто помалку од 2 проценти, согласно примарната цел на Европската централна банка (ЕЦБ) за ценовна стабилност.
Објавените статистички податоци покажуваат дека изминатиот период цените на енергенсите паднале за 4,3 отсто во однос на истиот месец минатата година, што пак директно влијаеше врз падот на стапката на инфлација бидејќи со тоа основната инфлација е лишена од понестабилните елементи како енергенсите.