Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше објавена пресудата за предметот „Транспортер“, пренесе Слободен печат.
Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески доби осум години затвор. Во казната е вклучено и времето поминато во притвор. Останатите обвинети дел добија затворски казни во траење од 2 и пол до 6 и пол години, а дел добија условни казни. На обвинетите им се судеше за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.
Пресудата е првостепена, а Талески и другите обвинети во „Транспортер“ имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.