ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

18: ЕУ дозволи пристап до Европскиот солидарен фонд, жена од Кочани лажела на Фејсбук дека е заразена од корона вирус, мобилна апликација за оние во изолација

Актуелности од 15 до 18 часот.

April 1, 2020 16:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд. Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска одржа видео-конференциски состанок со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји, на кој разговарале за активностите на Владата и на Координативниот штаб во справувањето со предизвиците од епидемијата Ковид 19, како и можностите за подлабока соработка во оваа насока со институциите на ЕУ.

Жена од Кочани лажела на Фејсбук дека е позитивна на корона вирусот, ги повикувала сите кои биле во контакт со неа да се тестираат. Од полицијата дополнуваат дека ширењето лажни вести ја компликува и онака сложената состојба со заштитата од КОВИД-19.

Филипче: ГАК подготвена, важно е да го зачуваме здравјето на родилките. Прашан каква е состојбата на ГАК и дали се размислува евентуално за мерки по примерот на Центарот за рехабилитација во Козле, Филипче рече дека секоја јавно-здравствена институција има добиено наредба пред неколку недели да се организира патот, патеката на движење на пациентите кои се суспектни на корона вирусот.

Се изработува решението кое ќе бара законска измена со цел породилното отсуство да се продолжи. – Веднаш по изготвувањето на решението ќе го соопштиме на јавноста за да се знае како треба понатаму да се постапува, додаде Филипче.

Регистриран првиот случај на заразен од КОВИД-19 во Кочани, мерките за заштита доследно да се почитуваат. Со жалење ја примив веста дека корона вирусот не ја изостави и нашата општина. Посакувам брзо оздравување на пациентот и повикувам сите одговорно и сериозно да се однесуваме и да придонесеме заразата да не фати големи размери. Ризикот е помал доколку доследно се почитуваат упатствата и препораките на Министерството за здравство и Светската здравствена организација – соопшти градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.

Лицата во изолација ќе се следат преку мобилна апликација. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информира дека лицата кои се во изолација ќе се следат преку мобилна апликација која во моментов се изработува по примерот од европските земји. 

Италијански лекари отстранија тумор од трахеја на пациент со Ковид-19. Пациентот итно бил пренесен во друга болница, каде што лекарскиот тим извршил бронхоскопија и го отстранил туморот.

Пандемијата си го направи своето, диви кози го запоседнаа велшкото гратче Ландудно.

Next Post

(ВИДЕО) Михаела го победи корона вирусот: По два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот!

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk