Апликацијата за видеоконференции Zoom е под лупа затоа што нејзината популарност набрзина порасна со пандемијата на корона вирусот.
Загрижува прашањето дали ќе може апликацијата да го издржи товарот на зголемен обем на корисници.
Zoom сега масовно се користи од милиони луѓе, што за работа, што за релаксација, со оглед на наметнатите мерки за работење од дома во скоро сите земји.
Но, дискутабилни се приватноста и заштитата на податоците на корисниците на оваа алатка.
Од канцеларијата на Јавното обвинителство во Њујорк прашале „дали Zoom ги има преработено мерките за безбедност на корисниците сега откако им е порасната популарноста.“ Исто така, истакнато било дека во минатото апликацијата не била експeдиитивна во решавање на проблемите.
Одговорно лице за јавност од компанијата кратко изјави дека „Во Zoom многу сериозно ги сфаќаме приватноста, безбедноста и довербата на нашите корисници.“
„За време на пандемијата од Ковид-19, работиме без престан за да обезбедиме поврзаност на болници, училишта, универзитети и останати бизниси низ светот да можат да функционираат. Ја цениме загриженоста за можните проблеми, но тука сме да ви одговориме на сите предизвици“ – додаваат од службата за јавни односи на Zoom.
Апликацијата во минатото имала неколку маани во смисла на безбедноста на корисниците, вклучително и слаба точка која можела да дозволи „напаѓач“ да отстрани некого од видео состанок, да влезе во пораки и да украде споделувани информации.