Да кажете вие како треба да се функционира државата, а истата таа држава ја оставивте со 5 милијарди евра долг, со 2,8 милијарди евра јавен долг, пари кои исчезнаа во бели палати, во илјадници споменици, во врби и палми, е несериозно, му порача вечерва претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи на Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во ТВ 24.ВМРО-ДПМНЕ сака да го национализира приватниот пензиски столб, да им ги земе парите на над 500.000 граѓани.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за префрлање на средствата од приватниот пензиски столб во државниот е чиста национализација, истакна претседателот на комисијата за финансии на СДСМ.
– Она што вие го предлагате, што го предлага ВМРО-ДПМНЕ е чиста национализација. Во вториот столб има 515.000 луѓе коишто се сопственици на тие средства, вие не можете да направите таков интервенционизам без да ги прашате тие граѓани, заклучи Битиќи.
Фатмир Битиќи во денешната дебата со поранешниот министер за Финансии Трајко Славевски во „24 Анализа“ рече дека економската мерка на Владата за исплата на 14.500 денари за секој работник во загрозените приватни сектори ќе ја покрие практично целата нето-плата на 75.000 вработени.
– Со мерките 250.00 работници се таргетирани, а тоа е практично 75 отсто плата за нив во просек. Тоа се 40 отсто работници во приватниот сектор. За 75.000 од нив тоа е целата нето-плата што ја добиваат, рече Битиќи.
Тој вели дека, иако засега тој предлог беше одложен, СДСМ останува на ставот дека ако е потребно, односно ако понатаму се продлабочува економската криза, ќе треба да се намалат платите во јавниот сектор бидејќи државната ликвидност е исцрпена поради тоа што „милијарди исчезнале за 1.000 споменици, жални врби, и отишле во Будимпешта“.
Најави уште една економска мерка која утре или задутре ќе биде донесена за занаетчиите и за самовработените.