ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Конечно направивме чекор од чекалната каде што бевме затворени со децении

Благодетите од НАТО членството и од почетокот на пристапните преговори со ЕУ граѓаните ги гледаат и во борбата против корона вирусот. Се гледа од каде ни доаѓа прва помошта. ЕУ има еден пакет од 410 милиони евра за целиот регион, од кои нешто под 70 милиони за нашата земја, изјави вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров

April 1, 2020 07:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Благодетите од НАТО членството и од почетокот на пристапните преговори со ЕУ граѓаните ги гледаат и во борбата против корона вирусот. Се гледа од каде ни доаѓа прва помошта. ЕУ има еден пакет од 410 милиони евра за целиот регион, од кои нешто под 70 милиони за нашата земја, изјави вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој посочи дека членството во НАТО е потврда на нашата државност и безбедна иднина, а тоа штом ја пребродиме оваа криза ќе донесе повеќе странски инвестиции, што ќе го подигне животниот стандард на граѓаните.

– Со почетокот на преговорите со ЕУ ќе добиеме пристап до Фондот за солидарност на ЕУ и од тука ќе се видат бенефициите. Ќе има повеќе од ИПА поддршката, ќе бидеме под поголема лупа за тоа како ни функционира правната држава, како ни функционира слободата на медиумите и функционалноста на нашата демократија. Ние се ставивме на шини и конечно направивме чекор од чекалната каде што бевме затворени со децении, изјави Димиртов во гостувањето на Алсат М телевизија.

Голема работа за нас, нагласи тој, е тоа што во едни вакви вонредни услови и НАТО и ЕУ најдоа време, енергија и сила да ги донесат овие одлуки.

– Од една страна практично во два дена, ние имавме два големи историски успеси за цели што ги работиме од нашата независност. Станавме НАТО членка на 27 март, вчера сите видовме како беше подигнато македонското знаме во седиштето во Брисел. Ден претходно лидерите на ЕУ ја потврдија политичката одлука на министрите на земјите членки, конечно да почнеме пристапни преговори веднаш по изготвувањето на преговарачката рамка, изјави Димитров.

Тој нагласи дека сите што со децении се вклучени во овој процес, одвај да имале можност да се израдуваат, зошто имале многу поважна работа, а тоа е битката со коронавирусот.

– Мислам дека штом ја пребродиме оваа битка, поубаво ќе ги осетиме благодетите од НАТО членството од почетокот на пристапните преговори со ЕУ, изјави Димитров.

Next Post

Сообраќајот по влажни коловози, забрана за камиони на преминот Стража

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk