Техничкиот премиер на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во рамките на емисијата „Економски магазин“ на Алсат М во однос на економските мерки кои се носта поради кризата со коронавирусот рече дека „очекувањата на граѓаните се максимални, додека можностите се различни“.
Спасовски меѓу другото, вели дека економските мерки нема да бидат прифатени добро од сите. Тој рече дека е свесен дека ќе има незадоволство во овој поглед.
„Кога зборуваме за економски мерки, во голема мера се водев од предлозите што ги добивме од различни структури во земјата при донесувањето на овие мерки. И најмногу за што разговаравме на Економскиот совет во владата. Советот што го формиравме да ги разгледа и одобри најдобрите можни решенија. Сега, ако ме прашате дали очекував сите да бидат задоволни од мерките? Не. Јас секогаш очекувам некој да биде незадоволен од нешто затоа што во време на криза, на крајот на краиштата, треба да биде. Јас кога зборувам за кризата велам дека секој од нас треба да изгуби нешто, рече Оливер Спасовски.
Премиерот Оливер Спасовски е убеден дека Република Северна Македонија ќе ја надмине здравствената и економската криза , што ја наметна коронавирусот, и ќе продолжи да се движи напред.
„Сигурно дека ќе излеземе од оваа криза. Заедно ќе пребориме се, затоа што можеме и сме посветени. Мора да бидеме рационални, одговорни пред државата, одговорни пред граѓаните и да ги донесеме најдобрите одлуки кои ќе помогнат да ја пребродиме оваа криза“, изјави Спасовски.