Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер соопшти дека во првите 15 дена од воведувањето на мерките за ограничено движење во Франција, поради Ковид-19, силите на редот извршиле 5,8 милиони контроли и казниле 359 000 лица, јави дописникот на МИА.
-Тоа се контроли за да се заштитат Французите и да се гарантираат мерките за ограничено движење, рече Кастанер.
Според него, „не се заминува на одмор за време на период на ограничено движење“
-Барам од сите оние кои планираат да патуваат за одмор да сфатат дека истовремено, прво се изложуваат тие, а потоа и нивните блиски. И потоа територијата каде ќе одат, нагласи тој.
Притоа францускиот министер за внатрешни работи најави построги контроли на излезите од големите градови, за да се спречи заминувањето на одмор.