ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ манипулира дека е паднат кровот на привремената болница

Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вчера се обиде да манипулира со јавоста и преку својот Фејсбик профил објави дека е паднат кровот на привремената болница што се постави до Клинички центар на местото од поранешните бараки на Медицинар.

April 2, 2020 11:05
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вчера се обиде да манипулира со јавоста и преку својот Фејсбик профил објави дека е паднат кровот на мобилната болница што се постави до Клинички центар на местото од поранешните бараки на Медицинар. Притоа Арсовски покажува фотографија од која јасно се гледа дека всушност нема паднат покрив. „Снегот ги изненади надлежните” – веќе чуена фраза, ама барем да го тргневте од полскава болница, паднат и е кровот, луѓе не можат да шетаат внатре…“, пишува Арсовски на Фејсбук.

Манипулацијата со „паднатиот кров“ ја преземаат и објавуваат неколку портали и телевизии и експресно брзо се шири на социјалните мрежи. Во овој случај посебно е интересно тоа што од приложената фотографија на Арсовски, сите јасно можат да видат дека не се работи за паднат кров, туку дека снегот кој обилно паѓал во утринските часови го натежнале кровот на шаторите.

Со реакција за таквата манипулација одма се јави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој приложи фотографии за да се виде во каква ситуација е мобилната болница и кој вели дека фотографијата која ја постирал Арсовски е снимена во раните утрински часови. Шилегов вели дека комуналните служби задолжени за одржување на болницата си ја завршиле својата работа и како што може да се види од фотографијата навремено го отстраниле снегот од и околу објектот.

Шилегов вели дека објектот е во финале на завршување, дека се зацврстени и последните два шатори (така помпезно опишани дека пропаднале), се прави приклучокот на електрична енергија и ќе биде пуштено и греењето.

„Навистина не знам, дали и колку има човечност и зошто определени „ликови” во дел од политичките структури, упорно се обидуваат да профитираат со политикантство во услови на вонредна состојба. Драги “душегрижници”, болницата која што заеднички ја подигнаа Министерството за Одбрана, Министерството за Здравство и Град Скопје, како што гледате е во совршено добра состојба.“ пишува градоначалникот Шилегов.

Она на што треба да обрнеме посебно внимание е тоа што безмалку сите се повикуваат дека тоа е вест што е објавена на портали и телевизии, а речиси никој не кажува дека оваа манипулација е првично објаена од портпарол на политичка партија. И не е прв пат истакнати членови од ВМРО-ДПМНЕ да објавувааат лажни вести, манипулации, полуиниформации и шпекулации кои ги замаат речиси секогаш исти портали, телевизии и потоа се шират на социјалните мрежи.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Македонија 2025: Мерките да важат од март, потребни се и дополнителни

Shortcut

Најново

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk