Со овој пакет ќе се ублажи економскиот удар од корона вирусот и ќе им се помогне на граѓаните, на работниците, на компаниите, на сите на кои им е загрозена финансиската состојба.
Потпретседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Коста Петров, на прес – конференција истакна дека земјава во моментов поминува низ неизвесни времиња за сите, но пораката е една –не сме сами во ова.
Тој нагласи дека Владата на Република Северна Македонија е свесна за проблемите со кои се соочуваат сите во овие кризни моменти и посочи дека за таа цел се подготвени пакетот економски мерки, вреден 200 милион евра.
Со овој пакет ќе се ублажи економскиот удар од корона вирусот и ќе им се помогне на граѓаните, на работниците, на компаниите, на сите на кои им е загрозена финансиската состојба.
Мерките, според него, предвидуваат зачувување на работните места, за што е предвидена директна помош од 14.500 денари по вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата, а со оваа мерка се таргетирани 35,000 компании, односно 50% од сите компании во државата.
– Ова практично ќе ја покрие целата нето-плата на 75.000 граѓани, а на 180,000 граѓани ќе покрива до 75% од нивната нето плата, додава Петров.