ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Единаесет медицински лица од кумановската болница позитивни на коронавирусот

Единаесет медицински лица од Кумановската болница се позитивни на коронавирусот. Еден позитивен на коронавирусот е и медицински техничар од Инфектината клиника. Две лица починале на Инфективната клиника, каде во моментов се хоспитализирани 67 пациенти, од кои 10 се со тешка клиничка слика, а останатите со средна и лесна. По два негативни резултати на тестови биле испратени дома тројца пациенти од Клиниката, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филиче

April 3, 2020 17:30
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Единаесет медицински лица од Кумановската болница се позитивни на коронавирусот. Еден позитивен на коронавирусот е и медицински техничар од Инфектината клиника. Две лица починале на Инфективната клиника, каде во моментов се хоспитализирани 67 пациенти, од кои 10 се со тешка клиничка слика, а останатите со средна и лесна. По два негативни резултати на тестови биле испратени дома тројца пациенти од Клиниката, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филиче.

-Во кумановската болница имаме 11 потврдени позитивни на коронавирусот. Оваа бројка во овој момент ја компромитира работата на инфективното одделение затоа што и претходно имаше еден здравствен работник диојагностициран. Поради тоа упатени се двајца доктори еден од Скопје и еден од болницата во Штип кои ќе ја организираат работата на ова исклучително важно одделение во овој момент, рече Филипче.

Тој појасни дека се уште траат епидемиолошките анкети заради тоа што, како што рече, има повеќе позитивни лица од уште две одделенија за рендген дијагностика и во делот на општите лекари кои ја покриваат дежурната служба.

-Врз основа на тие епидемиолошки анкети, а согласно тоа колку лица ќе бидат во самоизолација ќе се реорганизира и останатиот дел од болницата, односно другите одделенија. Согласно ова, согласно и денеска како и вчера одреден број нови дијагностицирани случаи во Куманово, денеска дискутираше и донесе одлука за продолжување на полицискиот час што ќе трае сега за викенд од вечерва 21 часот до понеделник 5 часот. Значи, целосно ќе биде ограничено движењето за време на викендот, а во работните денови почнувајќи од понеделник ќе биде како за време на викенд, односно наместо од 21 од 16 часот до 5 часот следниот ден, истакна министерот за здравство.

Ова појасни било дискутирано на вториот состанок на Комисијата за заразни болести после утринскиот и попладневниот, откога излегле резултатите од тестирањата.

-Сметаме дека со дополнителна рестрикција на движењето внатре во градот во општината Куманово имајќи предвид дека е веќе запрен меѓуградскиот превоз е нешто што дополнително може да овозможи ограничување односно спречување на патот на ширење на вирусот, истакна министерот Филипче.

Како што информираше тој, на Инфективната клиника има еден медицински техничар кој е позитивен на коронавирусот, кој има клиничка слика воспаление на белите дробови.

-Направена е и семејна и помеѓу вработените епидемиолошка анкета и согласно тоа ќе се постапи за да се организира делот на работата во одделението каде што работел во рамките на Клиниката. Единствено од семејството сега се детално разговара и со сопругата за да се анализираат и евентуални дополнителни контакти, приватни како првични контакти од епидемиолошката анкета, рече министерот за здравство.

Филипче информираше дека денеска од Инфективната клиника во Скопје со два контролни негативни бриса се испишани тројца пациенти и тие во сосем добра состојба заминуваат дома.

-За жал, имаме и двајца починати пациенти, еден на 68 години  возраст со тешка форма и претходни болести кој се лекувал на Клиниката од 29 март и пациент од Куманово на возраст од 70 години, за кој се уште го очекуваме тестот, а имал тешка форма на воспаление на белите дробови. Од кумановската болница е препратен на Клиниката за пулмологија и понатаму препратен на Клиниката за инфективни болести, рече Филипче.

Во изминатите 24 часа во земјава има 46 нови случаи позитивни на коронавирусот. Во Скопје 13, во Куманово 23, Дебар 2, Прилеп 1, Тетово 2, Велес 2, Гостивар 1 и Гевгелија 2 пациенти. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 430 лица и според местото на живеење случај има во Скопје, Куманово, Дебар, Штип, Прилеп, Тетово, Струга, Велес, Битола, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и во Кочани. Денеска овие позитивни 46 тестови се од вкупно 389 направени, односно досега во нашата земја се направени 4.506 тестирања на КОВИД-19 вирусот.

Next Post

Комерцијална банка со понуда за кредитните картички за правни лица, можност за грејс период од шест месеци

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk