ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гувернерката Ангеловска-Бежовска: Очекуваме да се олеснат финансиските услови за граѓаните и за стопанството

Таа посочи дека се направени детални анализи пред да се дојде до решение со кое истовремено ќе се помогне на населението и на компаниите и ќе се одржи финансиската стабилност. Нагласи дека Народната банка ги следи и ги анализира понудите за промена на договорните услови за кредитите што се објавуваат деновиве.

April 3, 2020 10:04
in ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Очекуваме да дојде до олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за корпоративниот сектор. Токму тоа и беше целта на измените на регулативата за работењето на банките, коишто ги донесовме, истакна гувернерката Анита Ангеловска – Бежовска во вчерашното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Таа посочи дека се направени детални анализи пред да се дојде до решение со кое истовремено ќе се помогне на населението и на компаниите и ќе се одржи финансиската стабилност. Нагласи дека Народната банка ги следи и ги анализира понудите за промена на договорните услови за кредитите што се објавуваат деновиве.

Ангеловска-Бежоска се осврна и на кредитниот раст, кој во првите два месеци од годинава е солиден и изнесува околу 7 проценти, при што продолжува трендот на поголема фокусираност кон домаќинствата со стапка на раст од околу 11 проценти. Депозитниот раст исто така расте и во просек изнесува околу 8 проценти.

– Оттука, движењата досега се солидни, меѓутоа, предизвикот е пред нас. Сите се соочуваме со голем шок којшто е од неекономска природа, но може да има големи ефекти врз економијата. Имајќи го предвид тоа, реално е да се очекува забавување на кредитната, а следствено и на депозитната активност во претстојниот период од оваа година, вели гувернерката.

Народната банка, како што беше соопштено, веќе активно работи на новиот циклус макроекономски проекции. Ангеловска-Бежоска најави дека ќе се направи позначајна ревизија на очекувањата за економските состојби имајќи ги предвид последните расположливи податоци, но и условите и неизвесноста што ги наметнува глобалната корона-криза. Како што посочи, според меѓународните финансиски институции, веќе се очекува позначајно забавување и на економската активност во глобални рамки, вклучително и во Европската Унија, а со тоа и во германската економија каде што е сконцентриран голем дел од нашиот извоз.

Гувернерката посочи дека најновите податоци за надворешниот долг упатуваат на констатација дека сме во зоната на умерено задолжени земји. – Само еден од стандардните меѓународни показатели упатува на надминување на умереното ниво на задолженост, додека сите други показатели покажуваат дека надворешниот долг е во безбедната зона на ниско до умерено ниво на задолженост. Вкупниот надворешен долг, заклучно со крајот на 2019 година изнесува 72,2 проценти од БДП, што е пониско ниво во споредба со просекот од последните две-три години кога тој гравитираше околу 74 проценти од БДП, нагласи Ангеловска-Бежовска. 

– Сите би сакале амбиентот да е поинаков за да се занимаваме со структурни прашања и реформи, да работиме на унапредување на доходот на населението… Но, за жал, корона-кризата наметнува низа предизвици. Нема бегање од реалноста и како централна банка сме подготвени соодветно да одговориме на предизвиците, порача гувернерката на Народната банка. 

Next Post

Нова ерупција на вулканот Питон де ла Фурнез на францускиот остров Реунион

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk