Со оглед на тоа што министерот Наќе Чулев денеска оствари средба и близок контакт со странски државјани на скопскиот аеродром, дали ги прекрши здравствените протоколи за спречување на ширењето на корона вирусот и дали тој сега можеби треба да преземе мерки за самоизолација?
Тоа е прашањето што Фронтлајн му го постави на Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција во 17 часот.
Министерот ја искористи можноста да се заблагодари за помошта од Република Словенија, како и да ја информира јавноста дека денеска е потпишан договор за значајно голема помош и од Европска Унија во вредност од четири милиони евра за надградување на капацитетите во смисла на опрема и материјали за борба против корона вирусот. Во врска со прашањето, министерот Филипче изјави:
„Видов само некои слики од аеродромот. За сите важи истиот протокол. Но, дозволете да видиме за што станува збор, па ќе дадеме информации.“
Протоколот важи за сите. Дали Чулев ќе оди во самоизолација, ќе видиме, веројатно, уште утре.
Претходно, Фронтлајн објави дека техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, со денови не се појавил на седниците на Владата и во Кризниот штаб, но затоа поита да се слика со помошта која денеска пристигна од Словенија. Тој, притоа, имаше директни контакти со странски државјани, што е спротивно на здравствените протоколи.
Наќе Чулев никаде го нема на координација во Кризен штаб и во Влада, но прв е да се слика за своите пи-ар потреби