пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Во некоја нормална војна тие би биле стрелани!
Ако командантот оцени дека кастрирањето на војничкиот морал и уништувањето на авторитетот на офицерскиот кадар и вербата на околното население, претставуваат велепредавнички акт во директна полза на непријателот.
По кратка постапка, веројатно, без суд, ако првиот офицер оцени дека притворањето на вмороните и нивното судско процесуирање, ќе ја соочи неговата единица со ризиците да остане без војници, а населението без кураж, вредносна и безбедносна ориентација и морал.
Но, оваа војна, не е нормална.
Не само затоа што непријателот е невидлива и крајно опасна ѕверка, туку и затоа што во битката против короната Македонија, за жал, оди со апликација на класичното сценарио на својата политичка репродукција во кое опозицијата со сите средства нема да ѝ дозволи на власта да успее да ги спаси животите на луѓето, вклучително, се разбира, и животите на опозиционерите, тоа е прв приоритет на вмро-дпмне во битката против короната, значи, власта, а не вирусот, а власта нема да преземе ништо против вториот главен непријател на народот и на државата, што е над нивото на моралната осуда. Која, пак, низ своето повторување го банализира злото на опозицијата и на некој начин ја компромитира позицијата на власта.
Не знам дали е тоа идеја или, можеби, цел, но објективно, битката против короната е битка за репродукција на стариот систем во услови на драматична криза. Односно битка за обезбедување на континуитет на системот во постокоронарното време. Пандемијата, за жал, не успеа да нѐ дистанцира од себе, од нашите шеми и самоубиствени форми. Обратно, заразата функционира како контекст во кој тие односи се зацврстуваат. Вморонската опозиција која, се разбира, има сосема друга агенда, се однесува во согласност со овие правила на играта во кои таа располага со неограничени ресурси да се глупира, да јаде говна, директно и преку своите медиуми, да ја извртува и профилира стварноста на најволшебни начини и во најмонструозни форми, затоа што во тој статус се јавува како сервис на општото македонско просташтво и како елемент против прогресот кој по дефиниција ќе ги оддува од политичката сцена, а власта, односно сдсм, да бидеме конкретни, смета дека толерирањето на тоа поведение е помало зло од конфронтацијата со него. Во што, можеби, и не само можеби, имаат право. Но, главната поента и на сдсм е извесноста на системот, а не неговото премавнување. Стабилноста пред ризикот. Односно нестабилната стабилност пред ризикот на победата. Во најдобар случај, движење кон победата не преку битка со вмро-дпмне, туку со елементите на кои тој почива односно почиваше, преку прогрес во кој тие елементи се растопуваат како коцка шекер во вруќа вода. Од идентитетските прашања, до прашањата на правната држава и демократската процедура. Или, преку надежта дека умоболните поведенија на злосторничката инсталација ќе ги пробијат дури и стандардите на македонското просташтво и ќе останат без или со десеткувана материјална база во таа политичка смисла. За разлика од сдсм, вмро-дпмне има само една надеж и опција: короната да однесе што е можно повеќе животи за да има со што да ја напаѓа власта. Сѐ друго што имаа, во меѓувреме исчезна. Нивното единствено оружје денеска е животот на македонските граѓани, односно нивната смрт. Негативниот однос кон нивното поведение нема врска со слободата на медиумите и на политичкото организирање и делување, туку има врска со диверзантско-субверзивните активности во кои во длабочината на фронтот се уриваат мостовите, пругите, здравиот разум, борбата и надежта.
Јас гледам со оптимизам на тоа дека финоќата, европскоста, да ја наречеме, на сдсм ќе ја победи примитивноста на вмро, но шансите за обнова на злото во услови на драматична криза, бара и потези и активности кои излегуваат од нивото на вообичаеноста што ја налага системот.
Се разбира, не така што ќе се стрелаат Мицко и неговата банда.
Зошто да се инфицираат мртвите во Бутел.
Хахаха!
Ако ја следиме логиката на горните аспекти ќе видиме дека немаат многу основи тврдењата дека после короната ништо нема да биде исто. Макар во политичкиот дел. Поголеми се шансите се да биде исто.
Зошто тогаш луѓето веруваат дека ништо нема да биде исто.
Фразата и на најпримитивните им дава основа да се закачат на некое интелектуално ниво на расправата за кризата. Ништо нема да биде исто звучи пророчки, паметно, фукујамски.
Хахаха!
Во недостиг на памет секој бара начин да се измами и себе си и светот. Второ, таа фраза секому му обезбедува дистанца од светот кој нема да биде ист. Не и тој. Тој не само што не гледа дека треба да се менува, туку тоа го смета за опасна работа за својот идентитет. Третиот аспект е стравот и надежта што се шират со таа фраза. Надеж- дека тоа што нема да биде исто ќе биде на арно, а страв од тоа дека промената ќе ни ја ебе мајката на сите.
Јас сум од оние кои мислат дека светот ќе има тенденција како некоја излеана река да се врати во коритото. Ќе има многу промени, но глупоста, просташтвото, злобата, ќе си останат трајни придружнички на човековиот развој. Борбата ќе биде да не ги доведуваме во допир со ресурсите на општото добро. Во таа смисла Северна Македонија мора да си зададе еден фикс: вмро-дпмне, невер мор!
Пред тоа или во меѓувреме, многу е важно да се слушаат насоките на Кризниот штаб. Никакви партиски изјави, соопштенија и други, најчесто, злобни коментари и насоки. И второ, следната фаза на епидемијата, со нови повисоки бројки, да ја проследиме со разум, без подлегнување на емоции, особено не на партиски стимулирани емоции. За да дојдеме до нивото на кое комотно ќе ги ставиме на маса коронарните биланси и конта на сите субјекти. Особено на најголемите скотови.