Вејн Руни ги опиша повиците на шефовите на Велика Британија и раководството на Премиер лигата да ги намалат платите на играчите како „срамни“.
Во петокот Премиер лигата предложи платите на играчите да се намалат за 30 отсто. Здружението на професионални фудбалери остро се спротивстави на мерката.
На оваа позиција се придружи и напаѓачот Дерби Каунти, кој смета дека фудбалерите стануваат „жртвени јагниња“.
– Ако владата ме бара да ги финансирам медицинските сестри или да купам апарати за дишење, ќе биде гордост да помогнам сè додека знам каде одат моите пари. Сепак, јас сум во таква позиција што можам да дадам нешто. Не сите играчи се во иста позиција.Зошто фудбалерите одеднаш стануваат жртвени јагниња? Она што се случи во последните неколку дена е срамно. Прво, министерот за здравство Мет Хенкок рече дека платите на фудбалерите во Премиер лигата треба да бидат скратени. Тој треба да ја извести нацијата за најновите вести за најголемата криза со која сме се соочиле. Зошто воопшто парите на фудбалерите го интересираат? Дали тоа не е очајнички обид да се одврати вниманието од тоа како владата се справува со пандемијата?”, коментира голгетерот бр.1 на Англија и Манчестер Јунајтед.