ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Влада: Трошоците за СЈО подобро е да се платат на време отколку по судски пат со камати

Уредбата со законска сила ги регулира прашањата согласно новиот Законот за јавно обвинителство којшто ќе почне да се применува на 30 јуни 2020 година, кога СЈО ќе престане да постои, а до тогаш државата мора да надмине одредени правни состојби.

April 5, 2020 17:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија на 2 април 2020 година донесе уредба со законска сила со која се регулираат определени отворени прашања кои се однесуваат на СЈО, а за кои во моментов постои правна празнина бидејќи новиот Закон за јавно обвинителство сè уште не е стапен во сила.

Уредбата со законска сила ги регулира прашањата согласно новиот Законот за јавно обвинителство којшто ќе почне да се применува на 30 јуни 2020 година, кога СЈО ќе престане да постои, а до тогаш државата мора да надмине одредени правни состојби.

Потсетуваме дека сите јавни обвинители од СЈО се вратени во матичните обвинителства од кои дошле. Во СЈО има вработени стручни служби, како јавнообвинителски службеници и помошно-технички персонал, кои имаат важечки договори за вработување кои произведуваат правни последици.

Исто така, постојат комунални трошоци за зградата во која е сместено СЈО. Сите овие трошоци, дали се за плати за стручните служби или за комуналии, се засновани врз важечки и валидни договори и истите мора да бидат подмирени.

Граѓаните треба да знаат дека доколку државата си дозволи овие трошоци да бидат наплатени по судски пат, во тој случај средствата кои би биле платени од Буџетот би биле многу поголеми заради каматите, судските и адвокатските трошоци.

Владата оцени дека порационална опција е обврската која во секој случај ќе биде платена од Буџетот, да биде платена надвор од судска постапка и со помало чинење за Буџетот.

Ја информираме јавноста дека никако не станува збор за зафаќање нови или дополнителни средства, туку се работи за веќе планирани средства кои се однесуваат само на платите на стручните служби и на тековните комунални трошоци, а не и за обвинителите кои веќе се прераспределени во други обвинителства каде остваруваат плата.

Исто така, со оглед на тоа што за овие лица кои се вработени во СЈО, немаше овластен потписник, истите не можеа да го остварат ниту правото на прекин на работниот однос, ниту пак да се вратат во институциите од кои беа превемени. Со оваа уредба се овозможува Јавниот обвинител на Република Северна Македонија да може да одлучува за правата од работен однос за овие лица.

И на крајот, со оваа уредба дадена е можност истражителите да бидат распределени во други јавни обвинителства или вратени во МВР или во други институции во кои се вработени со цел нивно продуктивно ангажирање.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Уште 115 починати во Холандија од коронавирусот

НАЈНОВО

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

October 4, 2025

Мицкоски од Куманово: Направете вистински избор – гласајте за Максим Димириевски

October 4, 2025

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски ја претстави новата апликација m.Uslugi – ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk