Фестивалот Skopje Calling поради актуелната состојба со корона вирусот е презакажан за 12 септември. Авалон продукција, кој е организатор на фестивалот, денеска соопшти дека локацијата не се менува, односно останува стадионот на АРМ.
– VINI VICI, MAHMUT ORHAN, KIRIL DJAIKOVSKI и CYRILLIC, како и нивните менаџменти го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето доаѓање на 12-ти септември во Скопје. Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот, велат од Авалон продукција.
На сите оние што досега имаат набавено билети за фестивалот, ќе им бидат важечки и за новиот датум.