Свештениците од православниот храм Света Троица од охридско, преку Фејсбук пост ги повикувата верниците за време на Велигден да се соберат во црквите.
И покрај препораките и покрај забраните за движење и групирања кои секојдневно сè повеќе се засилуваат, свештениците од Света Троица, ги повикаа верниците, како што велат наместо по балкони и дворови, да го слават Христосовото Воскресение во храмовите со причеста.