ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Марш за Палестина во Скопје: „Нема да молчиме пред геноцидот“

October 4, 2025 19:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Под слоганот „Стоп на геноцидот – Маршираме за Палестина“ денеска во Скопје се одржа протестен марш во знак на солидарност со палестинскиот народ и осуда на воените злосторства и опсадата на Газа.

Како што соопшти организаторот – иницијативата „Сите за Палестина“, стотици граѓани се собраа пред споменикот „Симфонија на мирот“  од каде што маршот тргна кон зградата на Владата на Република Северна Македонија.

Организаторите на маршот нагласија дека „настанот е дел од глобалното движење на отпор и солидарност, кое има цел да го прекине молкот на меѓународната заедница и да изврши притисок врз владите да преземат конкретни чекори против израелската окупација и геноцидот“.

-„Нивната мака е огледало на нашата македонска мака. Нивната борба за парче сопствена земја е истата борба што нашите дедовци ја воделе, а ние и денес ја продолжуваме“, порача еден од говорниците на протестот. „Како што Македонија беше распарчена по војните, така и Палестина денес е окупирана и поделена. Болката на палестинската мајка е иста со болката на нашите баби прогонети од Егеј.“ Говорниците потсетија и на историската поврзаност меѓу македонската борба за самоопределување и палестинската борба за државност: „Нашата историја не учи колку е болно кога светот е нем за твојата неправда. Затоа, не смееме да молчиме за Палестина. Да покажеме дека го разбираме страдањето и дека стоиме рамо до рамо со сите обесправени народи во светот,“ истакна друг говорник. Во емотивен говор, една активистка се наврати на своето детство во поранешна Југославија: „Израснав со филмови за партизани и холокаустот и верувавме дека такво зло нема никогаш повеќе да се повтори. А денес, 40 години подоцна, живеам во време кога нов холокауст се одвива пред нашите очи, секојдневно, како реално шоу. Овој момент е тест за нашата човечност. Дали навистина сме луѓе ако молчиме додека деца умираат?“, информира иницијативата „Сите за Палестина“.

Во соопштението наведува дека „организаторите остро ја критикуваа македонската надворешна политика, која и покрај мнозинството во меѓународната заедница, сè уште не ја признава државата Палестина“.

-„Веќе две години нашите влади го срамат угледот на Македонија на меѓународно ниво. Наместо независна и принципиелна политика, гледаме пасивност и усогласување со туѓи интереси. Македонија денес избира да го сврти погледот од геноцидот, и тоа е политичка одлука, не неутралност,“ рече еден од претставниците на иницијативата „Сите за Палестина“. Тие потсетија дека Македонија како дел од Југославија во 1988 година била меѓу првите држави што ја признале Палестина, испраќајќи јасна антиколонијална порака. „Нашата надворешна политика денес ја негира историјата и го поткопува сопствениот кредибилитет. Ако денес го игнорираме меѓународното право за Палестина, утре не можеме да очекуваме другите да го почитуваат тоа право кога станува збор за нашите национални прашања.“, стои во соопштението.

Посебно внимание на протестот, додава иницијативата, „беше посветено и на неодамнешниот напад врз глобалната хуманитарната флотија „Сумуд“, која превезуваше помош кон опколената Газа“.

-Организаторите и учесниците го осудија израелското пресретнување на бродовите во меѓународни води, квалификувајќи го како уште едно тешко кршење на меѓународното право и доказ за нелегалноста на поморската блокада на Газа. „Овие храбри активисти се симбол на човечката совест. Наместо да бидат поздравени, тие беа киднапирани на отворено море од држава која систематски го гази меѓународното право. Бараме нивно итно ослободување и заштита на правото на хуманитарна помош,“ порачаа од „Сите за Палестина“.

Маршот заврши пред зградата на Владата со повици за признавање на Палестина и конкретна политичка акција. Организаторите најавија дека овој марш е „дел од поширока кампања за политички притисок и јавна мобилизација“. 

Next Post
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk