ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Нема да дозволиме некој да остане без приход, помагаме за сите подеднакво, во духот на солидарноста

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во видео обраќањето истакнува дека институциите реагираат навремено и се преземаат сите мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Тој ја нагласува првичната реакција како многу важна за ублажување на ударот и подготовка на здраствениот систем за тоа што следи. Заев ја истакнува поддршката од 200 милиони евра, и тоа дека со неа им се помага на 35 илјади фирми да ги ублажат последиците од економската криза.  

April 7, 2020 11:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во видео обраќањето истакнува дека институциите реагираат навремено и се преземаат сите мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Тој ја нагласува првичната реакција како многу важна за ублажување на ударот и подготовка на здраствениот систем за тоа што следи. Заев ја истакнува поддршката од 200 милиони евра, и тоа дека со неа им се помага на 35 илјади фирми да ги ублажат последиците од економската криза.

„Веќе неколку недели, вие, јас, целата наша татковина, функционираме на поинаков начин, во секојдневна борба против коронавирусот

Заедно се бориме против невидлив непријател кој предизвика глобална пандемија и го загрозува здравјето на нашите граѓани, но и на граѓаните ширум светот.

Бројот на заболени, но за жал и на починати граѓани во целиот свет, зборуваат за сериозноста на оваа глобална пандемија и последиците од неа.

Нашата држава реагираше навремено, презеде соодветни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, како и за санирање на економските последици.

Првичната реакција беше многу важна за ублажување на ударот и здравствениот систем подготвено да одговори на предизвикот кој следува.

Постепено нашата држава влегува во критична фаза која од стручните лица е оценета како најтежок и најсериозен период од пандемијата.

Пред нас е најголемиот предизвик во борбата со коронавирусот во кој се очекува достигнување на пикот на бројот на заразени.

Затоа, потребна е многу голема лична одговорност, на секој од нас и максимална посветеност во заштита на нашето здравје, на здравјето на нашите најблиски, на нашите деца, родители, роднини, пријатели.

Донесени се нови, по заострени мерки од страна на Владата и исклучително е важно нивно целосно почитување. Само така секој човек, секој поединец, секој од нас ќе придонесе во заедничката борба.

Да сториме се, преку целосно почитување на мерките и препораките, да го спречиме ширењето на вирусот.

Ајде да си помогнеме себеси, да им помогнеме на нашите најблиски, да им помогнеме на здравствените работници, на институциите на системот.

Седете дома, мијте раце, држете растојание, почитувајте ги мерките и препораките секогаш и секаде. За животот се работи.

Знам дека постои загриженост кај граѓаните, за здравјето но и за економијата, за своите работни места, за месечните приходи, за парче леб.

Почитувани граѓани, ние заедно создадовме државата која е тука за вас, за граѓаните, имате пријател, поддржувач, државата е тука и таа ќе ви помогне.

Веќе се објавени пакети со сериозни економски мерки, државата спасува над 250 илјади работни места, им помагаме на работниците, на граѓаните, да им обезбедиме приход да ја пребродат кризата.

Државата дава 14.500 денари плата за секој работник во фирмите коишто се погодени со кризата, затоа што секој работник е важен.

Во овие тешки времиња обезбедивме првична поддршка од 200 милиони евра, им помагаме на 35 илјади фирми да ги ублажат последиците од економската криза.

За граѓаните обезбедуваме сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, се стопираат извршителите.

Нема да дозволиме некој да остане без приход, помагаме за сите подеднакво, во духот на солидарноста.

Во оваа борба со коронавирусот можеме да победиме, со заеднички сили, со заеднички придонес на секој од нас.

Знаеме дека нема да биде лесно, но заедно сме во ова и заедно ќе победиме.

Да сте ми здрави и живи, чувајте се и седете дома.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Студентите со нови тактики во трка со српската жандармерија, блокади низ цела Србија

July 4, 2025

Русија стана првата земја што го призна талибанското раководство во Авганистан

July 4, 2025

Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концертна промоција „FIN Project“ и Тања Царовска на албум „Егрегор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk